УЕФА не дозволува политика во спортот: Истанбул останува без финалето во ЛШ!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја разгледува можноста на Истанбул да му ја одземе организацијата на финалето од Лигата на шампионите оваа сезона поради нестабилната политичка ситуација во Турција.

Стадионот „Ататурк“ е предвиден да ги пречека двете најдобри екипи во Лигата на шампионите оваа сезона, меѓутоа финалето кое е закажано за 30-ти мај би можело сепак да не се игра во Истанбул.

Ќе се држиме до автономијата и независноста на спортот, но сигурно не можеме да ги занемариме Обединетите нации, Европската унија, државите, дипломатите, амбасадорите и останатите политички институции. После тоа, одлуката ќе биде донесена во соработка со Извршниот одбор и претседателот на УЕФА, изјави потпретседателотна УЕФА, Мишел Ува.

Ситуацијата околу Турција во последниов период и не е баш најдобра, најмногу поради агресијата на турската армија против курдското население на северот од Сирија која започна минатата седмица.

Целата ситуација, односно мешањето на спортот и политиката ја подгреаа и репрезентативците на Турција кои со војничко салутирање ги поддржаа турските војници и тоа е тема околу која ќе се води посебна истрага.