УЕФА на четири тима не им дозволи да носат навивачи во ЛШ!

Европската фудбалска унија (УЕФА) е строга при прекршување на правилата, па сега реши жестоко да казни четири тима во Лигата на шампиони.

На удар на УЕФА се најдоа четири клуба, кои на гостувањата ќе мора да играат без поддршката на своите навивачи.

Ајакс на гостувањето кај Челси во Лондон нема да може да смета на своите навивачи, а притоа ќе мора да плати казна од 68.000 евра.

Исто така, Црвена Звезда ќе биде без публика во Лондон кај Тотнем, додека Ајнтрахт Франкфурт нема да може да има свои фанови на гостувањата кај Арсенал и Стандард Лиж.

Динамо Загреб освен тоа што без навивачи ќе игра кај Шахтер, ќе мора да плати и казна од 20.000 евра.