УЕФА му забрани на Косово да игра со уште една репрезентација

Откако УЕФА откри дали на Европското првенство во 2020 година, Србија ќе може да игра во група со Косово, сега од Европската куќа на фудбалот стигнува нова вест која се однесува за Косово, но и Русија.

Одборот на УЕФА за вондредни ситуации имаше состанок да ја разгледа можноста тимовите од Косово да играат со руски клубови во било кое европско натпреварување.

Земајќи ги во предвид мерките за безбедност поврзани со натпреварите, Комисијата реши екипите да се разделуваат на ждрепката во сите наредни европски натпреварувања во квалификациите и групните фази.

Оваа тема беше почната затоа што во квалификациите за Европското првенство за жени, Косово и Русија беа извлечени во групата А, а познато е дека тие дуели нема да се играат ниту во Русија, ниту во Косово, па дополнително ќе биде решено каде ќе се соочат двете селекции.