УЕФА има нов план како да се заврши сезоната!

Европската фудбалска федерација (УЕФА) утре ќе одржи видеоконференција во Нион на која ќе се разговата за едентуално ново решение со федерациите за продолжување на европските лиги, како и Лигата на шампиони и Лигата на Европа.

Како што пренесува шпански „АС“, една од опциите е фудбалските лиги да се играат во август, со цел да се избегне сценариото во кое постојната состојба е прогласена за завршена или поништена за целата сезона. Инаку, се споменува дека лигите можат да бидат рестартирани и во мај или јуни, но ваквите сценарија се речиси невозможни, бидејќи коронавирусот се уште е актуелен во Европа и светот.

До крајот на првенството останаа околу десет кола, па останува да се види како во Нион замислиле сите натпревари да се одиграат за еден месец.

Се разбира, не ги сметале Лигата на шампионите и Лигата на Европа, што во овој случај треба да се донесат до финале, а тоа го покренува и прашањето за следната сезона. Тука, една од опциите е, откако ќе завршат реванш дуелите (Сити-Реал, Баерн-Челси, Барса-Наполи и Јуве-Лион), четвртфиналните мечеви да се одиграат на неутрален терен, што би значело  по еден натпревар, а потоа полуфиналните и финалето да бидат одиграни во Истанбул. Истото би се случило и со Лигата на Европа.

УЕФА, инаку, го пресели финалето на Лигата на Европа во Гдањск на 24 јуни, а финалето на Лигата на шампионите во Истанбул на 27 јуни.

Меѓутоа, каква што е состојбата во борбата против коронавирусот и ако не се подобрува, толку помалку веројатно ќе стигнат до финалето пред август или септември.