УЕФА го смени судијата за мечот меѓу Ајакс и Реал Мадрид

Ајакс во среда ќе го пречека Реал Мадрид во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а Европската фудбалска унија (УЕФА) реши да го смени главниот судија.

Главен судија на мечот требаше да биде Симон Марчинак, но УЕФА реши Полјакот да биде главен на ВАР-технологијата, а на теренот ќе го пушти Словенецот Дамир Скомина.

Скомина досега судел осум натпревари на кои настапувал Реал Мадрид, а „кралевите“ дури шест пати победиле и двапати загубиле.

Скомина им судеше на овие две екипи и во септември 2015 година во меч од групната фаза во ЛШ, а тогаш славеше Реал со 2-0.