УЕФА го наместила „Тимот на годината“ за Кристијано Роналдо (ФОТО)

Францускиот весник „Лекип“ објави информација од блиски извори до УЕФА, дека европската куќа на фудбалот го наместила изборот за најдобрите 11 за 2019 година поради Кристијано Роналдо. 

Наводно, фудбалерот на Јувентус како еден од номинираните напаѓачи не добил доволно гласови за да се пополни формацијата 4-3-3, па таа била сменета во 4-4-2. Оваа промена била направена на штета на Енголо Канте, кој доколку формацијата била онаа првичната сигурно ќе бил дел од идеалниот состав.

„Не е баш добро. Впрочем имаше местење со гласовите. Популарноста на Роналдо е толку голема во организацијата, што УЕФА дури и ја промени формацијата на идеалниот тим само поради него“, изјавил изворот од УЕФА, за „Лекип“.