УЕФА го избра најдобриот млад состав во ЛШ: Халанд, Родриго, Олмо... (ФОТО)

УЕФА на својот официјален профил на Твитер го објави најдобриот тим во Лигата на шампиони (ЛШ) составен од млади фудбалери.

Постоеле два критериуми според кои УЕФА го водеше својот избор, а тоа се фудбалерот да нема повеќе од 24 години и да дебитирал во ЛШ во 2019 година, а претходно да имал ограничено искуство во натпреварувањето.

Во најдобриот тим се најдоа фудбалери на Наполи, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен, Лајпциг, Атлетико Мадрид, Генк, Баер Леверкузен, Динамо Загреб, Реал Мадрид, Салцбург и Интер.