УЕФА џабе вреска: И за политика во фудбалот казните се – бесмислени!

Европската фудбалска унија (УЕФА) веќе со години со фанфаи најавува „нулта толеранција“ за расизмот, мешање на политика во фудбалот, ама кога ќе дојде време да се казни, одлуките на дисциплинската комисија им се – бесмислени. Или во најлош случај, обично најмногу страдаат помалите земји и клубови, на кои се тренира строгост.

Откако најавуваа жестока борба со расизмот, после скандалот во Бугарија со расистичките испади и нацистичките поздрави, источниот сосед доби парична казна и еден меч без поблика. Ама, од Нион врескаа и кога туските репрезентативци салутираа на мечевите од европските квалификации кон својата војска која во тој период имаше воена операција против Курдите во Сирија. Европските фотелјаши врескаа и за чешките провокации кон Косово, за паролите „Косово е Србија“, а на крај им изрекоа – смешни казни.

Турците добија парична казна од 50.000 евра за војничкото салутирање на сите играчи на мечевите со Албанија и со Франција. За Турција овие 50 илјади евра се смешна казна, сооглед дека федерацијата има милионски буџет, лигата им генерира милиони, па така казната премногу нема да ги потресе.

Чесите пак за провокативните политички пораки добија 17.750 евра, што исто така не е нешто преголемо, за кое оваа земја и тамошната федерација баш ќе се потресе.

Сето ова е уште еден доказ дека УЕФА барем засега е немоќна вистински да ја оправда својата „нулта толеранција“ која излегува од рамките на спортот, или пак ако начека помали земји посериозно да ги казни само колку пред големите да остане дека е сериозна организација која ги почитува своите принципи.