Трофејот од Лигата на Европа бил украден во Мексико

Мексико е една од најнебезбедните земји во светот, поради вискиот степен на криминал. Сепак, челниците на УЕФА решише трофејот од Лигата на Европа да оди на турнеја низ оваа земја.

Не е јасно зошто трфејот би шетал низ Мексико, кога нема никакво значење за фудбалските љубители во оваа земја, но веројатно повторно нема никогаш да го видат. Трофејот наводно бил украден од комбето со кое бил преместуван од еден во друг град, но потоа бил пронајден благодарение на полицијата.

Да бие уште потрагично тоа бил оргиналниот трофеј, кој на 16 мај треба да биде доделен во Лион на победникот во ова натпреварување.