Триесет вардарови навивачи наспроти 45 илјади Руси!

Рускиот гигант Зенит од Санкт Петербург очекува денеска најмалку 45 илјади гледачи на стадионот „Крестовски“, откако големи редици и неверојатен интерес имаше во градот вчера за да се дојде до вредното парче хартија. Иако Зенит е плсиран во следната рунда, навивачите ќе го исполнат стадионот против македонскиот првак.

И меѓу 45-илјадната руска публика, која ќе очекува нова победа на Зенит, на трибините ќе има 30 вардарови навивачи, објави рускиот клуб на својата интернет-страница, кои ќе се обидат да им бидат мотив плус на црвено-црните во обид да се изненади големиот фаворит и да се стигне до прв(и) бод(ови).

Вардар во годинешнат евро авантура никогаш не беше сам, па на секој стадион имаше барем десетина приврзаници на трибините, иако црвено-црните имаа исклучително далечни патувања, па од квалификациите до сега, трипати беа во Скандинавија (Малме, Копехнаген, Трондхајм), еднаш во Баскија (Сан Себастијан), најблизу им беше Истанбул, а еве сега и на северот на Русија.

Дуелот Вардар – Зенит се игра вечерва од 19 часот по македонско време.