Тренерот на Шкупи задоволен: И ова не е лош резултат, имаме шанси за пласман понатаму

Македонскиот фудбалски клуб, Шкупи, оствари солиден резултат пред реванш дуелот во Скопје, откако на првиот натпревар од квалификациите за Лигата на Европа на гостински терен против Пјуник одигра нерешено 3:3.  

По овој резултат, тренерот на Шкупи, Умит Каран, истакна дека е задоволен пд прикажаното на своите избраници, иако жали за пропуштената можност да дојдат до победа на овој дуел, ако се има во предвид дека тимот од Чаир имаше водство од 3:1 на десетина минути до крајот на натпреварот.

Пјуник е добар тим и долго време играат заедно. Ние сме подновени, бевме казнети на почетокот од мечот, но покажавме дека можеме да се надигруваме со нив. Имавме шанси при резултат 1:3 да ја зголемиме предноста, но не успеавме да ги искористите и потоа следуваше казна. Среќен сум за прикажаното и се надевам дека со помош на нашите фанови ќе дојдеме до поволен резултат во Скопје и ќе продолжиме понатаму во квалификациите, изјави тренерот на Каран.