Тренерот на Аталанта почна да танцува - сите паднаа во несвест! (ВИДЕО)

Екипата на Аталанта синоќа го совлада Шахтјор со 3-0 на гостински терен во рамки на последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, а со тоа италијанскиот клуб обезбеди нокаут фаза во елитното натпреварување.

Италијанците ги постигнаа сите три гола во второто полувреме, разочарувајќи ја домашната екипа која ја испратија во Лигата на Европа.

Иако на почетокот од сезоната, Аталанта не навести дека ќе обезбеди пласман меѓу 16-те најдобри, сепак со последните две победи, прво против Динамо Загреб и сега против Шахтјор, успеа да обезбеди нокаут фаза во ЛШ.

Екипата на Џанпиеро Гасперини претрпе убедлив пораз од Динамо на првиот меч со 4-0, потоа загуби дома од Шахтјор (2-1), како и на гости од Манчестер Сити (5-1).

Аталанта во тој момент беше убедливо на последното место на табелата, но на следните три натпревари успеа да дојда до седум бода и со тоа да влезе во следната рунда од натпреварувањето.

Клубот, кој дебитира во Лигата на шампионите оваа сезона, постигна голем успех, а тоа знаеше како да го прослави по натпреварот против Шахтјор. Во главна улога беше нивниот тренер Гасперини кој со „посебен“ танц ги насмеа сите во соблекувалната.