„Требаше да постигнеме гол, а ние трошевме време на глупости!“

Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо, им се налути на своите играчи, откако не успеаа да го елиминираат Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампиони.

„Волчицата“ победи со 4-2 во реванш-натпреварот, а на крајот недостигаше еден гол за продолженија. Впечатокот е дека фудбалерите на Рома не верувале доволно во последните минути, а вистински пример беше однесувањето на Раџа Наинголан по третиот гол во 86. минута.

Фудбалерите на Рома во продолжението трошеа време на карање со судијата поради секоја одлука, наместо да ги пуштат гостите порано да ги изведат слободните удари. Токму поради тоа се налути Ди Франческо.

„Нема да се лутам на УЕФА поради својот клуб. Ќе го кренам својот глас на фудбалерите, кои мораа да веруваат и да тргнат по уште еден гол на неколку минути пред крајот. Лут сум затоа што верував дека може да направиме чудо, а ние трошевме време. Не треба да се караме со судиите, зашто тие нема да го сменат мислењето. Тоа ме налути најмногу. Секако, 20 или 25 минути пред крајот, како и црвен картон и пенал можеа да го урнат Ливерпул“, објасни Ди Франческо.