Тотнем водеше со 2-0, па на крајот освои само бод против Олимпијакос (ВИДЕО)

Минатогодишниот финалист во Лигата на шампиони, Тотнем успеа да освои само бод против Олимпијакос (2-2), иако Англичаните имаа одличен старт на мечот.

Хари Кејн во 26. минута ја затресе мрежата на домаќините од пенал, а четири минути подоцна Лукас Мура погоди за 2-0, па многумина помислија дека ова ќе биде лесна победа за Англичаните.

Сепак, тоа како да ги разбуди Грците од сон, па тие до крајот на првото полувреме успеаа да  намалат на 1-2.

Грчката екипа создаваше шанси и во второто полувреме, а Валбуена од пенал успеа да израмни на 2-2 во 54. минута, па тоа на крајот се покажа како конечен резултат.

На вториот меч, кој се играше од 18.55 часот, Клуб Бриж на домашен терен одигра 0-0 против Галатасарај.