Тотнем со комбиниран тим само до реми на стартот од Конференциската лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотнем освоија само бод во првиот меч во историската воведна сезона во Конференциската лига и тоа како гости кај француски Рен (2-2), каде што настапија со комбиниран тим, односно со само неколкумина првотимци.

Англискиот состав поведе уште во 11. минута по автоголот на Баде, во домашните веќе во 23. минута изедначија преку Таит. Дека Рен е сериозен покажа во 72. минута кога поведе со погодокот на Лаборде, но Хојбјерг четири минути подоцна не дозволи бламажа за составот од Лондон.

Гостите доминираа во мечевите од првиот од двата термини предвидени за средби од ова натпреварување, победувајќи во пет од вкупно девет одиграни средби. Гент, Ласк, ПАОК, Витесе и Копенхаген ги оправдаа фаворитските улоги и ги совладаа Флора (1-0), Хелсинки (2-0), Линколн (2-0), Мура (2-0) односно Слован (3-1). Нерешено одиграа уште и Алмати и Омонија (0-0) односно Карабаг и Басел (0-0), додека честа на домашните тимови ја спаси Славија прага и тоа против германски Унион Берлин (3-1).