Тотнем рутински и убедливо до осминафинале: Мајстории на Али и Бејл (ВИДЕО)

Тотнем со убедливи 4-0 го совлада Волфсбергер и со вкупен резултат од 8-1 се пласираше во осминафиналето во Лигата на Европа. 

Пласманот на Спарс не беше доведен во прашање со оглед на победата на гостински терен, па шанса добија неколку играчи со помала минутажа. Меѓу нив беше Деле Али, кој го отвори резултатот во 11-тата минута со прекрасен гол со „ножички“. Карлос Винисиус ја продолжи добрата форма во Лигата на Европа и зголеми на 2-0 во 50-тата, а асистираше Али.

Герет Бејл погоди за 3-0 во 73-тата минута само крајот откако влезе во игра и тоа со мајсторски гол, а асистенцијата повторно беше на Али. Винисиус со својот втор гол ги постави конечните 4-0 во 83.минута.