Тотално лудило во Амстердам: Ајакс го распродаде стадионот, па за навивачи „изнајми“ и – сала!

Управата на холандскиот великан Ајакс деновиве се сочи со тотално лудило од навивачите на овој клуб, пред осминафиналнот меч со европскиот и светски првак Реал Мадрид, па не можеле да ги добројат барањата за влезници за пресметката со „кралевите“.

Ајакс на 13 февруари ќе му биде домаќин на Реал на „Кројф Арена“, која буквално е распродадена. Холанѓаните објавија дека нема повеќе билети за мечот, но ги израдуваа тие што немаат влезници, дека имаат алтернативно решение за нив. Великанот ја изнајмил Арената „Зиго Доме“, која е мултифункционална и таа ќе биде искористена за масовно следење на мечот.

Се очекува уште 17.000 навивачи на Ајакс да бидат во Арената, каде Ајакс им подготвил и музички хепенинг, а ќе бидат присустни и дел од легендите на клубот.