Топката со која почна финалето во ЛШ во Париз продадена за – 28.000 евра!

Топката со која почна годинешното финале во Лигата на шампионите во Париз, на кое Реал Мадрид победи со 1-0 против Ливерпул и дојде до својата 14-та европска титула во историјата е продадена на аукција за дури 28.000 евра.

Аукцијата е организирана на денот на бегалците од воените подрачја и парите ќе бидат искористени во хуманитарни цели и уплатени на агенцијата за бегалци при Обеднинетите нации.

Грахам Буд ја организирал аукцијата во Велинборо, Нортемптоншир во Анлија, а се поклопува со актуелната украинска криза и милионите бегалци од Украина после руската агресија која веќе безмалку четири месеци трае со несмален интензитет.

Топката со која се играше финалето на ЛШ имаше порака за мир, а со неа почна финалето, по што после првиот аут едно од децата крај теренот истата му ја дал на директорот на мечот кој потоа ја авторирирал за да оди на аукција.