„Тоа беше знак од Бога, а не случајност“

Поранешниот бразилски репрезентативец, Рикардо Кака, се потсети нa Милан кога ја освои Лигата на шампионите во 2007 година.

Пред 13 години „росонерите“ станаа шампиони, откако го победија Ливерпул со 2-1 во финалето, што беше еден вид одмазда за поразот во 2005 година. Филипо Инзаги ги постигна двата гола за победниците, додека Дирк Кајт го постигна единствениот утешен гол за „црвените“, во 89-та минута.

Тоа беше знак од Бога, а не случајност, истакна Кака, потсетувајќи се на финалето во 2005 година кога Милан водеше со 3-0 против Ливерпул на полувремето во Истанбул, а на крајот останаа без трофеј по изведувањето на пенали:

Не сакам да го наречам одмазда, но беше чудесно и магично. Тимот беше поразличен од оној во 2005 година, бидејќи ги немавме Ернан Креспо или Андриј Шевченко, но темелите беа исти. Беше скоро ист тим, но беше многу различен од претходните и оној што испиша историја. Пипо започна да трча без да гледа каде ќе замине топката при првиот гол, бидејќи знаеше каде ќе заврши. При вториот гол, Пипо и јас бевме сами напред, но одлично ги знаев неговите движења и многу добро знаев што ќе направи следно. Сè беше толку прецизно и детално испланирано.