Тешко дека ќе го достигне некој: Касилјас прв голман со 100 победи во ЛШ

Порто денеска го потврди првото место во групата Д, откако денеска го совлада Галатасарај со 3-2 во шестото коло од групната фаза во Лигата на шампиони, а голманот на португалскиот тим Икер Касилјас стигна до неверојатен успех

Касилјас ја запиша својата 100. победа во елитното натпреварување и така стана втор фудбалер на кој му успеалот тоа, откако претходно до таков успех стигна Кристијано Роналдо.