Тажна ноќ за Скомина: Словенецот бил разочаран од своите одлуки! (ВИДЕО)

Словенскиот судија Дамир Скомина беше во центар на внимание во текот на вчерашниот реванш-натпревар помеѓу Рома и Ливерпул на „Олимпико“.

Главниот судија на средбата не досуди два чисти пенали за Рома, кои можеа да ги однесат во финалето на Лигата на шампиони.

Фудбалерите на Рома дадоа сè од себе и на крајот стигнаа само до 4-2, но тоа не бепе доволно, зашто им недостигаше еден гол за продолженија.

Скомина, заедно со своите помошници, ја „ограби“ Рома во второто полувреме со лошите проценки.

Првата ситуација се случи на почетокот на второто полувреме, кога помошникот на Скомина досуди офсајд на Един Џеко, а потоа Босанецот беше урнат во казнениот простор од голманот на Ливерпул. Сепак, пенал не беше досуден поради офсајд, кој очигледно не постоеше.

Само неколку минути подоцна, при резултат 2-2, Александер-Арнолд играше со рака во својот казнен простор и „Волчицата“ на половина час пред крајот требаше да добие упте еден пенал. Сепак, Скомина не реагираше ниту во таа ситуација.

По натпреварот, новинарот на телевизијата „БиИН Спортс“, Танкреди Палмери откри дека Скомина бил разочаран во соблекувалната. Словенецот го сфатил своите грешки и поради тоа се чувствувал многу лошо.