Судир на вечните ривали: Роналдо против Меси во групата Г од ЛШ

Денеска во Европската куќа на фудбалот (УЕФА) во Нион се одржа ждрепката за одредување на групите во елитната Лига на шампиони, а интересно ќе биде во групата Г каде што ќе се соочат Јувентус и Барселона, односно Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Новата сезона во ЛШ ќе почне на 20 октомври, додека групната фаза завршува на 9 декември, при што нема сомнеж дека се очекуваат возбудливи натпревари и голема борба за пласман во нокаут-фазата.

Група А: Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Салцбург, Локомотив Москва

Група Б: Реал Мадрид,Шахтер Доњецк, Интер, Борусија Менхенгладбах

Група Ц: Порто, Манчестер сити, Олимпијакос, Марсеј

Група Д: Ливерпул , Ајакс, Аталанта, Мидтијланд

Група Е: Севилја, Челси, Краснодар, Рен

Група Ф: Зенит, Борусија Дортмунд, Лацио, Клуб Бриж

Група Г: Јувентус, Барселона,  Динамо Киев, Ференцварош

Група Х; ПСЖ, Манчестер јунајтед, Лајпциг, Башакшехир