Судијата Винчиќ се правдаше откако го фатија на оргии: Ова е најголема грешка!

Познатиот судија од Словенија, Славко Винчиќ беше уапсен вчера во полициска акција во Босна и Херцеговина. Поради сомнеж за проституција беше уапсена старлетата Тијана Ајфон, но и уште 34 други лица, меѓу кои беше и тренерот.

Винчиќ даде коментар за словенечките медиуми и објасни како се нашол на забавата во една викендичка.

„По состанокот со деловните партнери следеше повик за прослава, на кој одговоривме потврдно., По полициската рација, повикани бевме на информативен разговор, каде што објаснив дека тие луѓе не ги познавам, по што ми дадоа дозвола да се вратам дома и во моментов сум во Словенија“, кажа Винчиќ.