Србите навредени до срж: Ковач е уништувач на тенкови!

Тенкот  кој беше поставен од страна на фудбалскиот клуб Црвена звезда пред „Маракана“, пред квалификацискиот натпревар со Копенхаген, му послужи на германскиот весник „Садејтче Цајтунг“ да го најави мечот со Баерн.

Српскиот шампион се пласираше во групната фаза со победата во двомечот против Данците, а вечерва ќе играат против германскиот шампион, кој е предводен од Нико Ковач. Именуваниот германски медиум најде начин како да го именува хрватски тренер, нарекувајќи го „Панцернакер Ковач“. Во превод тоа би значело - уништувач на тенкот Ковач.

За Србите, тоа беше провокација, а тоа најдобро говори објавата на српски „Телеграф“.

Германскиот весник провокативно најавува уништување на звездениот тенк, пишува Телеграф.

Германците ова го посочија поради изјавата на Ковач, кој истакна дека очекува голем број фанови на Звезда да бидат присутни на трибините на „Алијанц Арена“.

Од друга страна, Ковач не спомна никакви тенкови.

Тие имаат многу искусен тим, но и ние. На секој натпревар се обидуваме да нападнеме, без разлика дали станува збор за Бундеслигата или Лигата на шампионите. Важно е добро да се отвори играта, изјави Ковач пред новинарите во Минхен.