Србинот Костиќ избран за МВП на сезоната во Лига Европа (ФОТО)

Српскиот репрезентативец Филип Костиќ, фудбалерот за врска на освојувачот на Лига Европа, Ајнтрахт Фраккфурт е избран за најдобар фудбалер во оваа сезона во второто по ранг натпреварување во Европа.

Костиќ, кој е на радарот на низа европски великани уште од лани, па во еден момент реши со бојкот да бара трансфер, блескаше сезонава за Ајнтрахт и беше еден од клучните играчи во историската сезона која завршува со прв европски трофеј за бундеслигашот по цели 42 години, уште од освојувањето на Купот на УЕФА во 1980 година, а Ајнтрахт сезоната во Европа ја заврши без пораз и со даден барем еден гол на сите 13 меча.

Костиќ сезонава во Лига Европа даде три гола, но имаше дури шест асистенции меѓу кои и последната на финалето за израмнување, по кое пеналите на крајот го решија новиот освојувач на сребрениот трофеј. Ниту еден фудбалер во Лига Европа сезонава нема толку асистенции како офанзивецот на германскиот тим.