Спектакл во Каталонија: Барса на чекор до четвртфинале, Инсиње остави надеж за чудо (ВИДЕО)

Вистински спектакл донесе првото полувреме на „Камп Нпу“, каде Барселона за 45 минути му даде три гола на Наполи, но Лоренцо Инсиње по нешто повеќе од 50 минути игра во првиот дел постигна еден гол, колку да ја остави надежта за светско чудо на наполитанците дека по второто полувреме ќе може да се изборат за реми 3-3.

Клемент Ленгле, Лионел Меси и Луис Суарез од пенал погодија за Барселона, а ВАР му поништи гол на Иван Ракитиќ, за капитенот Инсиње да реализира пенал за 3-1 во завршницата од полувремето со шест минути судиско надополнување.

Македонскиот бисер Елиф Елмас е на клупата за резерви откако Инсиње влета во последен момент во првиот тим.