Соиграч на Елмас се исплаши од Барса: Ако помислам на Меси, ќе ме боли глава!

Италијански Наполи ќе се соочи во средината на февруари со Барселона во осминафиналето во Лигата на шампионите, а иако до првиот меч има речиси месец и половина, соиграчот на Елиф Елмас, Марио Руи уште сега страв го фаќа од пресметката со Каталонците.

Руи посочи дека е чест да се игра против еден од најдобрите клубови на светот, ама кога ќе помисли на Барселона и дека ќе треба да го чува Лионел Меси веднаш глава го боли.

„Само ако помислам на Барселона и Лионел Меси, ќе добијам главоболка. Но, имам среќа што ќе истрчам на теренот против еден таков тим и што ќе играм против такви играчи“, вели Руи.