Словенечка „Нова 24“: И Чеферин ќе настрада поради Кокеза?!

Актуелниот претседател на европскиот фудбал Александер Чеферин можно е да настрада од аферата со негов близок соработник и прв човек на српскиот фудбал Славиша Кокеза, кој пред неколку денови заврши на информативен разговор поради поврзаноста со озолгласениот криминалец Веља Невоља.

Словенечка „Нова 24“ најавува дека на една ипол година до истекот на вториот мандат на Чеферин како прв човек на УЕФА, новиот скандал што одекна на Балканот, сериозно ја затресе неговата позиција, поради која сѐ повеќе на површина излегува спрегата на балканската мафија со врвот на европскиот фудбал. Кокеза заедно со хрватската легенда Давор Шукер, претседател на ХНС, се најблиските луѓе на Чеферин, со кои Словенецот е постојано во контакт и сето ова може сериозно да се одрази на позицијата на актуелниот претседател на УЕФА, ако големите земји“ брзо целата збрка ја префрлат кај етичкиот комитет на УЕФА.

„По се изгледа Чеферин е длабоко врзан со балканската мафија, зашто веќе на големо е пишувано за неговите сомнителни бизниси со Шукер, а сега на ред да исплива на површина е неговата соработка со Славиша Кокеза. Сите тројца се многу влијателни во УЕФА, а очигледно балканското мафијашко подземје влезе сериозни корени до врвот на УЕФА и сето тоа делува застрашувачки. Самата поврзаност на Кокеза со еден криминалец и убиец како Веља Невоља е ужасно. Кокеза и Чеферин многу одамна се исклучително блиски, а Србинот е еден од малкумината со кои Чеферин има директен контакт“, објавува „Нова 24“.

Српските медиуми веќе најавија дека се спрема чистка во ФСС после скандалот со Кокеза и јавното обелоденување на претседателот на Србија дека неговиот близок пријател во кого имал голема доверба одбил да одговори на прашања, меѓу кои и за подготовка на негова ликквидација на полиграф.

Словенечката телевизија пред скоро една година објави дека токму Кокеза и ФСС ја „сработеле“ скоро целата кандидатура на Чеферин за прв човек на УЕФА и беше подржана од цел источен блок вклучувајќи го и ФФМ, после суспензијата на Мишел Платини, дека зад неа главен идеолог е рускиот министер Виталиј Мутко, екс-прв човек на рускиот фудбал, како и моќниот Гаспром, кој е спонзор на ЛШ, а влезе откако Словенецот беше избран.

Сега останува да се види дали Словенците почнуваат кампања против Чеферин, кој кај дел од јавноста не е баш омилен уште од времето кога беше челник на тамошниот сојуз, а многумина го оспоруваа неговиот избор, или навистина етичката комисија после скандалот со Кокеза ќе отвори сериозна истрага во европскито фудбал.