Следна станица за Шкендија - Молдавија!

Екипата на Шкендија го дозна противникот за второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Тоа е екипата на Шериф од Молдавија.

Шериф Тираспол ќе биде следната пречка на Шкендија за што подолго лето во Лигата на шампионите. Молдавскиот првак го мина првото коло елиминирајќи го Торпедо Кутаиши од Грузија.

Иако загуби во првиот круг, со 1-2, Шериф вечерва славеше со 3-0 и се пласира во двомеч со Шкендија. Првиот натпревар се игра во Скопје, на 24 или на 25 јули, а реваншот во Молдавија, седум дена подоцна.

Шкендија го мина првото коло со вкупни 5-4 против вешлки ТНС. По победата од 5-0 во Скопје, на гости загуби со 0-4.