Кога во ЛШ ќе ти суди бугарски пратеник (ВИДЕО)

Норвешки Розенборг, кој во минатата сезона му беше противник на најтрофејниот македонски клуб Вардар во Лига Европа вчера со судни маки успеа да го мине првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, па со пенал во 91-та минута победи со 3-1 за да ја надомести негативата од еден гол (0-1) во дуелот со исландски Валур.

И да е целиот циркус поголем, победата на Розенборг беше дело на – бугарски судија. Стефан Апостолов ја делеше правдата и од четири гола, за три досуди пенал. И сите три беа неверојатно скандалозни, особено и едниот за Исланѓаните, затоа што топката противничкиот фудбалер по повратна топка го удри в глава и никој не знае како виде Апостолов дека е неправилна игра во шеснаесетникот.

Целата комедија добива на поголемо значење затоа што бугарскиот судија всушност е пратеник. Но, тој направи таков скандал каков што Европа не видела.

Ова е целиот хајлајтс од мечот Розенборг – Валур (3-1), каде што може да ги видите спорните моменти и начинот на кој Норвежаните победија.