Сити со една нога е во четвртфиналето во ЛШ, Лион го шокираше Јувентус (ВИДЕО)

Екипата на Манчестер Сити извојува голема победа со која е на чекор до пламсан во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако на првиот осминафинален меч славеше на гостински терен во Мадрид против Реал со 1-2.

По мирното прво полувреме, Реал поведе со голот на Иско во 60. минута, по грешка на дефанзивците на Сити. Но, за целосен пресврт се погрижи Де Брујне, кој во 78. минута со феноменална асистенција го проигра Габриел Жесус за 1-1, а пет минути подоцна реализираше удар од белата точка, по фаулот на Карвахал над Стерлинг.

На реваншот Реал ќе биде дополнително ослабен поради црвениот картон кој го доби Серхио Рамос пред крајот на мечот.

Минимална, но злато вредна победа извојува Лион на домашен терен против Јувентус. Единствениот гол на натпреварот беше дело на Тусар во 31. минута, а со победата од 1-0 Лион ќе патува во Торино во обид да направи големо изненадување и да го елиминира еден од претендентите за трофејот во Лигата на шампионите.