Силекс ако направи чудо во Азербејџан ги чека Шериф или Фола Еш во второто коло од ЛШ

Македонскиот претставник во квалификациите за Лигата на шампионите, Силекс ако успее да направи изненадување и да го помине фаворизираниот азербејџански Карабах на гости во првото коло ќе се судри со победникот од мечот помешу молдавски Шериф Тираспол и луксембуршка Фола Еш во втората рунда од квалификациите.

Кратовци на 18 или 19 август во Азербејџан ќе го одиграат дуелот со Карабах, а на истиот тој дуел ќе аутсајдери против поранешниот учесник во групната фаза во европските натпреварувања, па сега за второто коло добија евентуално полесен противник, сооглед дека Карабах беше меѓу носителите на ждрепката.

Ако Силекс успее да го победи Карабах, во второто коло би бил домаќин, но поради епидемиолошката слика останува неизвесно каде би се играч мечот. Мечевите од втората рунда се закажани за 25 и 26 август, а ден потоа ќе почне првото коло од квалификациите за Лига Европа.

Инаку Шериф Тираспол е добро познат тим за македонската јавност од дуели со Шкендија пред две години, кога тетовци успеаа да ги поминат, иако беа аутсајдери на хартија пред двомечот.