Шок за „Старата дама“: Лион води против Јувентус (ВИДЕО)

Екипата на Лион поведе на домашен терен против Јувентус со 1-0 во рамки на осминафиналето во Лигата на шампионите.

Стрелец на единствениот погодок засега  е Лукас Тусар во 31. минута, во моментите кога Јувентус беше со играч помалку на терен, поради медицинската помош која му беше покажана на Матијас де Лихт.

Инаку, на овој натпревар Лион игра без неколку стандардни фудбалери, а најмногу се чувствува отсутвото на Мемфис Депај, кој е надвор од терените поради повреда. Но, но тоа не го попречи да дојде до водство против Јуве.