Шок за Ристевски и Здравковски: Карабах извлече реми во 93. минута (ВИДЕО)

АЕЛ Лимасол има зошто да жали во натпреварот против Карабах бидејќи имаше водство до самата завршница, но прими гол во судиското надополнување за 1-1 во првиот дуел од квалификациите за Конференциската лига.

Счеповиќ донесе водство за тимот од Кипар во 69. минута од натпреварот, но Карабах се спаси од пораз преку Зубир во 93. минута, кога стигна до конечни 1-1.

Македонскиот интернационалци Кире Ристевски и Давор Здравковски го одиграа цел меч за кипарскиот тим.

Останати резултати:

Елфсборг – Вележ 1-1
ЦСКА Софија – Осиек  4-2
Динамо Батуми – Сиваспор 1-2
Рига – Хибернијанс 0-1
Розенборг – Домжале 6-1
Војводина – ЛАСК 0-1