Шок за Дортмунд: За генијалниот Халанд годината е – завршена!

Норвешкиот репрезентативец Ерик Халанд не се најде во стартниот тим на Борусија Дортмунд за вечерашниот дуел од Лигата на шампионите (ЛШ) против Лацио, по што челниците на клубот објавија дека причина за тоа е – нималку наивна повреда.

Станува збор за скинат мускул во ногата, поради што најдобриот стрелец на „милионерите“ ќе мора да мирува еден месец, а камбекот на терените може да го очекува за околу шест недели. Ова значи дека Халанд ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на годинава, како и големото дерби со Лајпциг на стартот од 2021 година.

Останува да се види како ќе се снајдат „милионерите“ во отсуство на својот најдобар фудбалер, кој сезонава веќе постигна десет гола на осум одиграни натпревари во Бундес-лигата.