Шок: Португалија и Луксембург службено ќе добијат победи во евроквалификациите?!

Репрезентацијата на Украина по првите две кола освои четири бода, откако одолеа против Португалија и одигра реми 0-0, а со многу мака славеа во Луксембург синоќа со 2-1, но шокантни информации сега доаѓаат дека Украинците може службено да ги загубат двата меча.

Украина со четирите бода е лидер во групата по првите две кола, но наместо тоа големи се шансите да се најдат на самото дно на табелата и практично да се доведат во ситуација предвреме да ги загубат квалификациите. Причина е натурализираниот Бразилец, Жуниор Мораеш.

Како што објави „Масфудбол“, Украина ги прекршила правилата за натурализација на фудбалер, а затоа што Мораеш настапил на двата меча сега треба службено да загуби. Мораеш е роден во Бразил и има пасош на Укарина, а дебитираше за оваа селекција токму на мечот со Португалија.

Но, проблем е што за натурализација потребно е еден фудбалер да мине пет години во земјата во која игра и освен добивањето на пасош, да добие и право за настап. Според овој португалски медиум, Мораеш не минал пет години постојано во Украина за да се стекне со такво право и затоа немал право за настап за оваа селекција.

Сега останува да се види како ќе реагираат Португалија и Луксембург, кои треба да поднесат пријава, а потоа дисциплинските органи на ФИФА и УЕФА да решаваат за случајот.