Шкендија си закажа меч со ТНС во исто време со полуфиналето на СП!?

Македонскиот шампион Шкендија ќе ги остави своите навивачи беш можност да го гледаат првото полуфинале на Светското првенство во Русија, затоа што тетовци си го закажаа својот прв меч со велшки ТНС во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите во ист термин како дуелот за финалето на 10 јули.

Според распоредот на ФИФА за Мундијалот, првото полуфинале е на програмата на 10 јуни од 20 часот, а Шкендија својот прв меч како домаќин ќе го одигра на Националната Арена „Филип Втори“ од 20.15 часот. Со тоа, сите што ќе одат на Арената за да ја гледаат Шкендија нема да може да ги гледаат возбудувањата од завршницата на СП и да видат кој ќе биде првиот патник во големото финале на СП во Русија закажано за пет дена подоцна.

Останува нејасно зошто Шкендија го одбра вечерниот термин против велшаните, затоа што можеше да игра и во пладневен термин, особено што при пожешко време, велшаните би имале поголеми проблеми за да се прилагодат на условите. Патем тетовските црвено-црни би им излегле во пресрет и на своите гледачи да може да го гледаат нормално и полуфиналето на СП.

За разлика од Шкендија, Работнички својот меч ден подоцна кога е на програмата второто полуфинале на Мундијалот од 20 часот, го закажа својот меч во пладневен термин од 17.30 часот.