Шаќири: Можеби ќе ме исвиркуваат во Белград, но тоа ич не ме плаши!!

Ливерпул ќе треба да гостува во Белград наредниот месец против Црвена Звезда, а вниманието е насочено кон Џердан Шаќири, кој сигурно ќе биде исвиркуван во Србија.

Швајцарецот знае дека нема да биде добро пречекан во Белград, откако ги налути навивачите на Светското првенство со контроверзната прослава на голот во дуелот против Србија.

„Тој натпревар за мене е ист како остнатите. Секако дека ќе има и такви кои ќе ме исвиркуваат, но не ме интересира. На крајот, тоа е само фудбал. Важен е натпреварот и сакаме да победиме. Станува збор за спорт, а не за политика“, кажа Шаќири.

Швајцарецот игра многу подобро во дресот на „црвените“, па полека почна да добива поголема минутажа кај тренерот Јирген Клоп.