Севилја пружи силен отпор: Баерн со 23. победа по ред до четвртиот трофеј во 2020 (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн продолжуваат онаму каде што застанаа минатата сезона, со освојување нов трофеј, овој пат во европскиот Суперкуп, откако вечерва во Будимпешта, по голема борба, ја совладаа Севилја (2-1) дури по продолжение од половина час.

Шпанците први дојдоа до водство уште во 12. минута преку Окампос од белата точка, додека Горецки дваесетина минути подоцна го изедначи резултатот. Баварците постигнаа уште два гола во второто полувреме, преку Левандовски и Сане, но беа поништени поради офсајд односно прекршок во напад.

Егал-ситуацијата продолжу до крајот на регуларниот дел, а победничкиот погодок го реализира Мартинез дури во 104. минута.Ова беше дури четврта титула за Баерн во 2020 година, по претходно освоените во Лигата на шампионите, Бундеслигата и Купот на Германија, со што го повторија успехот од 2013 година.

Воедно ова беше 23. победа по ред за Баварците.