Селтик во меч со шест гола го реши Јаблонец

Вечерва беа одиграни дел од квалификациите за Лига Европа, а голем триумф запиша шкотски Селтик, кој славеше на гостувањето кај Јаблонец со 4-2.

Абада по само 12 минути му донесе водство на Селтик, а Фурухаши зголеми на 2-0 само четири минути подоцна. Јаблонец намали на 1-2 преку Пилар во 17. минута, а тоа беше резултат и на полувремето од натпреварот.

Во вториот дел Форест зголеми на 3-1 за Селтик, додека Јаблонец повторно намали на еден гол негатива во 85. минута. Сепак, Кристи во 90. минута го постигна четвртиот гол за шкотскиот тим и им обезбеди триумф од 4-2.

Останати резултати:

Алмати – Алашкерт 0-0
Линколн – Слован Братислава 1-3
Омонија – Флора 1-0