Седумкратниот европски првак се посрамоти: Милан елиминиран од Лигата на Европа (ВИДЕО)

Милан не успеа да се пласира во нокаут-рундата во Лигата на Европа откако загуби со 3-1 на гостувањето кај Олимпијакос. „Росонерите“ финишираат на третото место во групата Ф со 10 бодови, колку што има и Олимпијакос на второто место, но Грците имаат подобра гол-разлика. 

Меѓусебниот дуел е ист, бидејќи Милан на „Сан Сиро“ победи со 3-1, но Олимпијакос има +5 гол-разлика, а италијанскио тим само +3. Домаќинот до победата дојде во вториот дел, кога Сисе погоди за 1-0, а Запата си ја затресе сопствената мрежа за 2-0. Колумбиецот се извади за момент кога погоди на спротивната страна, но големата победа на Олимпиакос и ја донесе Фортунис од пенал во 81-та минута. 

Спортинг на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски победи со 3-0 против Ворскла, а десниот бек по повредата играше до 64-тата минута на натпреварот. 

Драматично беше во групата Б, каде само Салзцбург беше сигурен на првото место, но таму е и Селтик и покрај тоа што на домашен терен загуби од австрискиот тим со 2-1. Голема услуга на шкотскиот гигант му направи Розенборг, кој одигра 1-1 на гостувањето кај Лајпциг и му подари пласман во нокаут фазата.

АЕК Ларнака на Иван Тричковски доживеа дебакл на домашен терен од Баер Леверкузен со 5-1. Нашиот интернационалец влезе во игра во 57-та минута, додека Даниел Мојсов не беше во составот поради повреда. 

Аријан Адеми не беше во составот на Динамо Загреб против Андерлехт, како и Елиф Елмас за Фенербахче на дуелот против Спартак Трнава.

ГРУПА А
Лудогорец - Цирих 1-1
АЕК - Леверкузен 1-5

ТАБЕЛА: Леверкузен 13, Цирих 10, АЕК 5, Лудогорец 4

ГРУПА Б
Лајпциг - Розенборг 1-1
Селтик - Салцбург 1-2

ТАБЕЛА: Салцбург 18, Селтик 9, Лајпциг 7, Розенборг 1

ГРУПА Ц
Славија П. - Зенит 2-0
Копенхаген - Бордо 0-1

ТАБЕЛА: Зенит 11, Славија П. 10, Бордо 7, Копенхаген 5

ГРУПА Д
Динамо З. - Андерлехт  0-0
Спартак Т. - Фенербахче 1-0

ТАБЕЛА: Динамо З. 14, Фенербахе 8, Спартак Т. 7, Андерлехт 3

ГРУПА Е
Арсенал - Карабах 1-0
Спортинг - Ворскла 3-0

ТАБЕЛА: Арсенал 16, Спортинг 13, Ворскла 3, Карабах 3

ГРУПА Ф
Олимпијакос - Милан 3-1
Дуделанж - Бетис 0-0

ТАБЕЛА: Бетис 12, Олимпијакос 10, Милан 10, Дуделанж 1