Само Атлетико го знае рецептот за Реал во дуелите за трофеи (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид е единствениот тим кој го совладал Реал Мадрид во натпреварите за трофеите во последните години.

Јасно е дека „кралевите“ доминираат во куповите и изминативе сезони и буквално женат трофеи, но интересно е дека последните четири порази во натпреварите кои носат трофеј ги доживеа токму од градскиот ривал.

Очигледно е дека Диего Симеоне го има рецептот за да го победи Реал Мадрид кога се во прашање трофеите иако мора да се истакне дека има два порази во финалињата од Лигата на шампиони.

Во финалето на Копа дел Реј во 2013 година, Атлетико го совлада Реал со 2-1 во продолженијата. Потоа во Суперкупот во 2014 година исто така беше подобар од градскиот ривал, а овој трофеј „атлети“ го освоија и во 2018 година.