Салах им се закани на „јорганџиите“: Ќе дојдете на „Енфилд“ (ФОТО)

Екипата на Ливерпул претрпе пораз во втроникот на гостувањето кај Атлетико Мадрид (1-0) во рамки на првиот натпревар од осминафинале во Лигата на шампионите.

Атлетико Мадрид со голот на Саул уште на стартот од мечот успеа да дојде до капитална предност пред реваншот, а уште подобро е тоа што успеаја да ја сочуваат мрежата.

Но, јасно е дека „црвените“ се огромни фаворити кога е во прашање „Енфилд“, а тоа лани најдобро го почувствува тимот на Барселона, кога загуби со 4-0 и беше елиминирана.

Првата ѕвезда на клубот Мохамед Салах, преку „Твитер“ има порача на играчите на Атлетик дека „Енфилд“ ги чека, а поддршка во коментарите дадоа и неговите соиграчи. Она што е сигурно е дека ќе имаме спектакуларен реванш на „Енфилд“ кој се игра на 11 март, со почеток во 21 часот.