Роналдо се врати „дома“: Лудница во Манчестер по фудбалерот на Јуве (ВИДЕО)

Јувентус пристигна во Манчестер каде утре го игра натпреварот против Јунајтед во рамки на 3.коло во Лигата на шампионите. Очекувано во центарот на вниманието беше Кристијано Роналдо, кој е поранешен фудбалер на „црвените ѓаволи“. 

Огромен број навивачи го пречекаа Португалецот на аеродромот, а најголем дел од нив беа со негови дресови, но од времето кога ги носеше боите на Манчестер јунајтед. Само едно среќно девојче доби автограм на дресот, но бидејќи беше од Јувентус.

Роналдо веднаш го истестира и теренот на „Олд Трафорд“, стадионот кој од 2003  до 2009 година го нарекуваше свој дом.