Роналдо постави негативен рекорд во ЛШ во последните 10 сезони

Кристијано Роналдо игра одлично на стартот на својата кариера во Јувентус. Можеби не постигнува голови како во минатото во Реал Мадрид, но сега дефинитивно игра далеку потимски и се фокусира и на асистенции.

Тој е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампиони со 120 голови. Сепак во својата прва сезона во дресот на Јувентус и немаше така добар рекорд во групната фаза од елитата.

Португалецот за прв пат во последните 10 сезони имаше само еден гол во групната фаза. Претходно најмалку имаше во сезоната 2016/2017, кога постигна два гола за Реал Мадрид. Оваа сезона тој беше и суспендиран поради црвена картон па не играше на два натпревари, а единствениот гол го постигна против Манчестер јунајтед во Торино. 

Рекордот на Роналдо во групната фаза од ЛШ е 11 голови, а тоа му успеа во сезоната 2015/2016.