Роналдо ќе игра со Ајакс: УЕФА го казни само парично за вулгарната прослава

Најскапиот фудбалер во историјата на италијанскиот фудбал, Кристијано Роналдо избегна евентуална суспензија за четвртфиналето во Лигата на шампионите во двомечот со Ајакс за својот Јувентус, откако денеска Европската фудбалска унија (УЕФА) само парично го казнила Португалецот за својот вулгарен потег при прославата на хет-трикот и победата против Атлетико Мадрид. Информациите ги објавија сите италијански медиуми, повикувајќи се на информации од Нион, иако УЕФА досега ја нема објавено казната.

Роналдо го ископира Диего Симеоне, гестикулирајќи колку „големи мадиња има“ после триумфот со 3-0 со кој Јувентус обезбеди четвртфинале во ЛШ. Како што УЕФА не го суспендира Симеоне, па го казни само парично, со истата дисциплинска одлука сега го реши и проблемот со Роналдо.

Ова и можеше да се очекува, иако Роналдо се најде пред дизциплинецот, зашто провокацијата била наводно наменета кон навивачите на Атлетико, а интересно пријавата за вулгарниот потег дошла токму од шпанскиот клуб, а не од делегатот на мечот.

Роналдо е казнет за „прекршување на основните принципи на однесување“ и „дискредитирање на фудбалот и УЕФА“. Поради овие постапки најчесто УЕФА казнува само парично и тоа на меидумите во Италија им го потврдиле извори од Нион.