Рома славеше со 5-1, а Мурињо се жали: Не сум задоволен!

Рома ја запиша шестата победа по ред во шест меча под водство на искусниот тренер Жозе Мурињо, кој не беше задоволен по триумфот од 5-1 против ЦСКА Софија.

Португалецот се жали дека фудбалерите не ги почитувале неговите барања и не играле како што се договориле.

„Не игравме добро. Создаваме вистинска екипа, но не ми се допадна како игравме денеска. На моменти бевме добри, но веќе разговаравме за тоа дека мора да бидеме уште подобри кога ќе има тешки моменти. Не сум задоволен, не игравме квалитетно. Пред два дена трениравме, а бековите не ги почитуваа барањата“, вели Португалецот.