Ристовски придонесе за убедлив триумф на Спортинг, Франкфурт го прегази Салцбург (ВИДЕО)

Екипата на Спортинг Лисабон, во чии редови игра и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, со предност од 3-1 ќе патува на реванш дуелот во Турција против Башакшехир, во рамки на 1/16 финалето во Лигата на Европа.

Свој придонес во оваа победа имаше и Ристовски кој асистираше при вториот гол за своите, а стрелци за Спортинг беа Коатес, Шпорар и Вието, додека на спротивната страна единствено погоди Висча.

Убедлив триумф пред своите фанови запишпа и Франкфурт, кој беше подобар од Салцбург со 4-1. Стрелец на три погодоци за домаќинот беше Камада, додека еднаш во листата на стрелци се запиша и Костиќ.

Одлична предност пред реваншот обезбеди и Интер на гости кај Лудогорец (0-2), а својот деби погодок го запиша Кристијан Ериксен, додека победата ја потврди Лукаку во судиското продолжение.

На преостанатите натпревари, Клуж ремизираше со Севилја (1-1), исто како Клуб Бриж и Манчестер Јунајтед (1-1), а со истиот резултат заврши и дуелот меѓу Копенхаген и Селтик.

Шахтер со минимална предност од 2-1 патува кај Порто, додека Гетафе има солидна позитива од два гола (2-0) против Ајакс.