Реал Мадрид ги испрати Шериф и Николов во Лига Европа (ВИДЕО)

Реал Мадрид одигра многу добар натпревар против Шериф Тираспол и славеше со 3-0 на гостувањето, па така си обезбеди место во нокаут-фазата на Лигата на шампиони (ЛШ), додека македонскиот фудбалер Бобан Николов и другарите продолжуваат во Лига Европа.

„Кралевите“ до водство стигнаа преку Давид Алаба во 30. минута, додека Тони Крос зголеми на 2-0 во судиското надополнување на првото полувреме.

Шериф се закани во второто полувреме неколку пати, но не успеа да дојде до гол, а триумфот на „кралскиот клуб“ го потврди Карим Бензема во 56. минута.

Веднаш потоа на теренот влезе Николов и уште двајца негови колеги, но Шериф не ги искористи своите шанси и загуби со 0-3.

Реал е прв на табелата во групата Д со 12 бода, по што следи Интер со 10, Шериф има шест на третата позиција, а последен е Шахтер со еден бод.