Реал Мадрид ги демантира Тотнем и Маурицио Покетино

Тотнем се подготвува за финалето во Лигата на шампиони против Ливерпул, што ќе се одигра на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид и последните тренинзи пред натпреварот ќе ги одработи во тренинг-комплексот на Реал Мадрид.

Менаџерот на лондончани, Маурисио Покетино имаше интересна изјава, дека Реал Мадрид им дозволил да тренинираат во нивниот камп, но претседателот на клубот Флорентино Перез не дозволил да преспијат таму.

„Реал Мадрид ни дозволи да тренираме во нивниот камп, но кога прашавме за преспување, Флорентино ми рече, 'ако сакаш да спиеш тука, треба да го тренираш Реал Мадрид'“, изјави Покетино.

Од кралскиот клуб веднаш демантираа дека не му дозволиле на Тотнем да преспие во тренинг-центарот.

„Ние како клубо во соработка со УЕФА, Атлетико Мадрид, кој е домаќин на финалето во ЛШ, Шпанската федерација,  потоа Ливерпул и Тотнем целосно се ставивме на располагање. Сите барања до клубот се за користење на тренинг-кампот исклучиво за тренинг и сите се прифатени од клубот. Ливерпул планира да ги користи нашите капацитети наутро на 1 јуни, сабота, додека Тотнем ќе тренира во четврток и петок. Ние исто така сакаме да потенцираме дека УЕФА ги договора сместувачките капацитети за преспивање, што значи дека до нас не стигнало никакво барање за еден од тимовите да биде сместен во нашите капацитети“, велат од Реал Мадрид.